Откријте ја моќта на здравата исхрана со нашите месечни пакети!
По барање на лојалните клиенти, со задоволство ги создадовме нашите месечни пакети за исхрана кои се прилагодуваат на вашите цели, потреби и вкусови.
Месечните пакети од менито на Fitness House се специјално создадени за да ви помогнат да го одржите здравиот начин на живот. Нашиот целосно прилагоден месечен пакет ќе ви овозможи да уживате во придобивките на хранливите вредности, без да правите пресметки на масти, јаглехидрати и протеини. We got you covered!
Секој пакет е креиран од стручни лица од областа на спортот, нутриционизмот и медицината. Независно дали ви е потребна промена на исхраната од здравствени причини, зголемена физичка активност, нетолеранција на одредена состојка или нешто сосема друго, Fitness House ќе се погрижи да ја почувствувате енергијата која ви треба во текот на денот, но и да им одолеете на искушенијата во секојдневието.
Fitness House нуди две опции: Да изберете едно од нашите однапред составени менија или пак да закажете консултација со одбрано стручно лице и менито да се состави по Ваша желба и вкус.
Започнете ја здравата авантура денес!